Белерин не се изнаигра во Барса, па си замина од „Камп Ноу“

Кратко траеше авантурата на Хектор Белерин во Барселона откако искусниот дефанзивец реши да си замине од „Камп Ноу“ по само неколку месеци минати во дресот на каталонскиот гигант. Откако не успеа да се наметне кај тренерот Чави за да добие посериозна минутажа во Барселона, Белерин ја прифати понудата за преселба во таборот на Спортинг Лисабон.

Челниците на Барселона не правеа преголеми проблеми за реализацијата на овој трансфер, давајќи зелено светло за заминување на поранешниот десен бек на Арсенал. Белерин заминува во Спортинг на местото на Поро, откако 23-годишниот шпански бек го договори трансферот во редовите на Тотенхем, вреден 45 милиони евра.

Барселона би можела да доведе нов десен бек до крајот на преодниот рок, а како најзвучна опција се споменува Французинот Павар, кому му се заканува греење на клупата на Баерн откако баварскиот гигант го комплетираше трансферот на Кансело од Манчестер Сити.

Се вчитува...