Белгија со „шут-карта“ за Руди Гарсија

Репрезентацијата на Белгија остана без селектор само еден ден по завршувањето на Светското првенство. Руди Гарсија доби отказ од страна на белгиската федерација, откако селекцијата беше елиминирана во 1/4 финалето од репрезентацијата на Шпанија.

Но, пласманот меѓу најдобрите осум селекции не беше доволно за федерацијата да го задржи на клупата искусниот француски стратег.

Гарсија ја презеде клупата на Белгија во 2025 година, и успеа да ја пласира селекцијата на Мундијалот, каде беше во група заедно со Македонија, но Белгијците не успеаја да победат во двата меча.

Се вчитува...