Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет одиграа без победник 1-1 во премиерниот меч за двете селекции кои се дел од групата Г на Светското првенство кое што се игра во САД, Мексико и Канада.
Гледавме едно здодевно прво полувреме без многу шанси во кое „фараоните“ успеаја да стигнат до предност од 0-1 преку Емам Ашур кој со резантен удар во 19. минута стрелаше за 0-1.
Belgium 0 – [1] Egypt – Emam Ashour 19'
byu/ayoefico insoccer
Во вториот дел Белгија заигра далеку подобро. Прво Де Брујне од слободен удар ја погоди стативата во 53. минута. Истиот фудбалер нова шанса имаше во 62. минута кога биеше од 15 метри, но голманот на Египет интервенираше. Белгија успеа да израмни на 1-1 со автоголот на Хани во 66. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
