Србија оствари извонреден успех со освоениот златен медал на европското првенство во одбојка, а за спортските херои на северниот сосед вообичаено беше организиран дочек пред заградата на градското собрание.
Илјадници фанови се собраа за да ги поздрават европските прваци, кои не ја криеја гордоста по освоеното злато.
„Чест е да се биде овде пред вас, секој од нас сонуваше ваков дочек кога почнавме да се занимаваме со спорт. Овде сме благодарение на вашата поддршка, енергијата што ни ја праќавте. Со овие момци се е можно, и многу повеќе од врвот на Европа. Очекувајте повторно да се видиме овде“ – изјави одбојкарот Немања Петриќ пред присутните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА