Белгија со минимална победа над Хрватска

Пријателскиот натпревар помеѓу Белгија и Хрватска во пресрет на Европското првенство 2020 заврши со победа на Белгиците од минимални 1-0. Херојот на домаќините беше Лукаку кој во 38. минута од мечот го совлада голаманот на „коцкестите“.

Хрватска не се наоѓа во добра форма пред првенството со оглед на тоа во пријателските натпревари не знае за победа, а првиот натпревар заврши со реми од 1-1. За разлика од нив за Белгија ова е прва победа по ремито против Грција (1-1).

 

Се вчитува...