Белингем е херојот, Англија по продолженија во полуфинале на СП (ВИДЕО)

Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство, откако по продлженијата ја сопре Норвешка со 2-1, и обезбеди место во завршницата на Мундијалот во Северна Америка. Апсолутен херој беше Џуд Белингем, кој постигна два гола. Најпрво израмнувачки во регуларниот дел, а потоа во продолженијата и победнички.

Шјелдеруп во 36. минута ја шокираше Англија. Одкосо постигна прекрасен гол и ја одведе Норвешка до предност. Доби топка од Одегард, и се реши на удар кој го изненади и Пикфорд, па Норвежаните дојдоа до изненадувачко водство.

Сепак, индивидуалниот квалитет на Белингем во судиското надополнување од првиот дел му донесе израмнување на англискиот состав. Гордон сервираше топка до англискиот фудбалер, а овој одлично влезе во казнетиот простор и го совлада Ниланд. 

Во вториот дел Норвешка успеа да израмни, но голот беше поништен, а немаше промена се до крајот на мечот, со шот се замина кон продолженија. Таму во третата минута од првото Белингем повторно стрелаше по огромната грешка на Ниланд, за предност која беше задржана до крај и конечна победа на Англија.

Англичаните во полуфиналето го чекаат подобриот од мечот Аргентина – Швајцарија.

Се вчитува...