Фудбалската репрезентација на Белорусија очекувано го совлада Сан Марино на гости со 0-2 и стигна до 14 освоени бода во групата 2 од Лигата Д. Под претпоставка дека и Грузија (13 бода во моментот) ќе слави во дуелот против Казахстан на домашен терен, јасно е дека на Македонија и е потребна победа на утрешниот меч против Гибралтар на арената „Филип Втори“, за да го осигура настапот пред домашна публика во полуфиналето од плејофот за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Двете селекции со најмногу освоени бодови од четирите групи во Лигата Д, ќе добијат право да ги играат полуфиналните мечеви пред своја публика. Македонија во моментот има 12 бода и со евентуален триумф утре против Гибралтар ќе стигне до 15, надминувајќи ја Белорусија. Во игра да дојде до 14 бода е и Косово, со огклед дека ќе ја пречека селекцијата на Азербејџан на домашен терен.
Вечерва Белорусите славеа против Сан Марино со 0-2, со головите на Станислав Драгун и на Антон Сарока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА