Белоруската кошаркарка преживеала вистински хорор во затворот на Лукашенко

Белоруската кошаркар Алена Леучанка е пуштена на слобода по 15 дена поминати во затвор. Таа беше приведена поради кршење на правилата за јавни собори откако беше учесник на протестите против режимот на претседателот на земјата Александер Лукашенко.

Леученка е подржувач на опозиционерката Светлана Циканускае која имаше голема поддршка од западот на последните избори. Советникот на Циканускае истакна дека Леученка помила тежок хорор во затворот во Белорусија. Како што наведува на неа не и било дозволено туширање, време за тренинг, а на располагање немала ниту функционален тоалет.

Трианесет дена морала да спие на метален кревет без опрема за спиење, а поради тоа што не смеела да се капе 14 дена, добила инфекција на репродуктивните органи, за што воопшто не и била укажана помош.

Алена професионалната кошаркарска кариера ја почна во 2006 година, а последен тим за кој настапуваше беше кинескиот Чинџијанг.

Се вчитува...