Белоти му го подари дресот на најверниот фан – синот на Бонучи (ВИДЕО)

Фудбалот е магична игра, и никогаш не знаете кој клуб ќе го освои вашето срце. Синот на Леонардо Бонучи, малиот Матео, уште додека тој играше за Јувентус, навиваше за градскиот ривал Торино, а негов омилен играч е Андреа Белоти. Тој недраго се појави и на шампионската прослава на Јувентус, а потоа бараше од својот татко да го носи на мечевите на Торино.

Сега Леонардо Бонучи е член на Милан, а по денешниот натпревар против Торино на „Сан Сиро“, Андреа Белоти дојде на трибините и му го подари својот дрес на најверниот фан – Матео, синот на Бонучи. Всушност, неговиот повозрасен брат, Лоренцо, го прими дресот на трибините, за да му го даде на малиот Матео. За возврат и доби шал од Милан од момчето.

Се вчитува...