Бен Чилвел пред потпис со Челси

Премиерлигашот Челси продолжува со засилувањето за тимот за новата сезона. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е пред договор со бекот на Челси, Бен Чилвел, пренесуваат медиумите од Островот. Одличниот бек веќе е во Лондон каде ги договара личните услови со клубот. Покрај Челси во трка за потписот на Чилвел беше и Манчестер Сити кој на Лестер му нудеше неверојатни 87 милиони за услугите на англискиот бек.

23-годишниот Бен Чилвел потекнува од школата на Лестер, а досега во кариерата за клубот запиша 93 настапи на кои постигна три гола. Челси овој трансфер рок заврши одлична работа. Тимо Вернер и Хаким Зијеч се веќе нови членови на тимот, прашање на ден е кога Каи Хаверц исто така ќе пристигне во Лондон, а денеска го договорија и младиот дефанзивец на Ница Маланг Сар, кој веднаш ќе биде испратен на позајмица.

Се вчитува...