Бенџамин: Нема тајна – напорната работа носи победи

Двејн Бенџамин повторно одигра извонреден натпревар во дресот на Блокотехна, предводејќи го својот тим до победа над шампионот МЗТ Скопје со одлични 24 поени, 7 скока и 8 асистенции.

„Презадоволни сме, секако дека сме среќни бидејќи победивме голем противник. Добро се подготвивме, не се предадовме ниту кога губевме со десет поени разлика и на крајот заслужено стигнавме до победата. Играме добро, бележиме добри резултати, а немаме некоја посебна тајна – едноставно напорната работа носи победи. Тоа е нашето мото во Блокотехна, да тренираме напорно секој ден свесни дека резултатите ќе дојдат“ – истакна херојот на Блокотехна по вечерашната победа.

Се вчитува...