Беневенто нема да се засилува: Подобро парите да одат за гладните во Африка

Беневенто вечерва загуби на гостувањето против Аталанта, претрпувајќи го својот 14. пораз во рамките од 14. коло од Серија А. Овој тим продолжува да урива црни рекорди како најслаб во историјата на елитното италијанско фудбалско друштво и неопходно му е освежување во играчкиот кадар, но претседателот Оресте Вигорито е дециден дека Беневенто нема да се засили во јануарскиот преоден рок.

Не може никој да ни замери што не сакаме да си ги трошиме парите. Не се победува на таков начин, да доведеме два три играчи, да победуваме и да се спасиме. Парите се трошат само ако имате јасна визија кого треба да донесете. Ние немаме некој што може да понуди експресен излез од кризата, а во таква ситуација подобро е парите да ги дадете за гладните во Африка“ – порача Вигорито.

Се вчитува...