Беневенто покажа заби против шампионот, ама Јуве победи, а Наполи – не

Италијанскиот првак Јувентус слави 120 години од своето постоење, а по првото полувреме аутсајдерот Беневенто имаше водство од 0-1, со голот од слободен удар на Чичирети. Тој во 19.минута го изненади Шчешни, а фудбалерите на „старата дама“ се изнапромашуваа на спротивната страна. Сепак, во вториот дел, Гонзало Игуаин и Хуан Квадрадо донесоа триумф за Јуве.

Лидерот Наполи „киксна“ на гостувањето во Киево и одигра 0-0, па сега Јувентус му се доближи само на еден бод. Инсиње и Мертенс имаа убави шанси, но не ги реализираа на овој натпревар.

Рома славеше голема победа (2-4) на гости против Фиорентина. Жерсон беше двоен стрелец, а триумфот во вториот дел го донесоа Манолас и Пероти. За Фиорентина погодија Верето и Симеоне во првото полувреме.

Резултати Италија: Јувентус – Беневенто 2-1, Калјари – Верона 2-1, Киево – Наполи 0-0, Фиорентина – Рома 2-4, Лацио – Удинезе одложено.

Се вчитува...