Бенфика е вториот финалист во Европската лига

Бенфика ќе игра против Магдебург во финалето на Европската лига во ракомет. Португалскиот тим вечерва го совлада тимот на Висла Плок со 26-19, и така ќе игра за големиот пехар во ова натпреварување.

Португалците стигнаа до триумфот со фантастичната игра во вториот дел. После првото полувреме имаа предност од два разлика, а второто го добија со 11-16, и така со вкупни +7 се пласираа во финалето.

Бенфика ќе игра против Магдебург, кој претходно го совлада составот на Нексе со 34-29.

Се вчитува...