Бенфика освојувач на Европската лига

Ракометниот тим на Бенфика е освојувач на овогодинашното издание на Еворпската лига. Тие во финалето го совладаа тимот на Магдебург дури по продолженијата со 40-39, откако во регуларниот дел беше 32-32.

После првиот дел или Бенфика беше во водство, или беше израмнето, а Магдебург ниту еднаш не успеа да поведе. Но, португалскиот тим замина на полувреме со минимална предност од 15-14.

Затоа Германците одиграа подобро во вториот дел, па едно време со серија од три гола, дојдоа до предност од +3, но Бенфика веднаш се врати, и потоа до крајот се играше гол за гол за 32-32.

Во продолженијата Магдебург почна подобро, и цело време имаше предност, но не поголема од еден разлика. Меѓутоа на крајот Бенфика со серија од три гола дојде до предност од два разлика, за на крај Германците само да намалат на еден разлика.

Залудни беа 12 гола на Магнусон од Магдебург кога ја немаше поддршката од останатите. Кај победничкиот тим најефикасен беше Рамел кој исто така постигна 12 гола.

Се вчитува...