Бенитез заминува од Њукасл

Шпанскиот стратег Рафаел Бенитез дефинитивно заминува од кормилото на англискиот премиерлигаш Њукасл. Тој нема да го продолжи договорот со клубот кој истекува на крајот од јуни.

„Со жалење мораме да информираме дека менаџерот Рафаел Бенитез ќе го напушти Њукасл по истекот на договорот, на 30 јуни 20199 година. И покрај максималните напори, раководството не успеа да најде заеднички јазик со Бенитез за продолжување на соработката. Заедно со Бенитез, клубот го напуштаат и неговите асистенти во стручниот штаб, Пако де Мигел Морено, Антонио Гомез Перез и Микел Антиа“, се вели во официјалното соопштение на Њукасл.

Од клубот најавуваат дека веќе е почната потрагата за наследникот на Рафаел Бенитез.

Се вчитува...