Бенјамин Демир од Ѓорче Петров се пресели во Чаир (ФОТО)

Шкупи го запиша и второто засилување за пролетниот дел од сезоната во името на поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП.

23-годишниот Демир претходно во својата кариера има настапувано и за Вардар, Работнички, Скопје, Пелистер, како и и хрватските Хајдук, Интер Запрешиќ, Олимпик Сараево во БиХ и српскиот Спартак Суботица.

Демир потпиша едногодишен договор со Шкупи со можност и за негово продолжување. Довчерашниот фудбалер на Македонија ЃП од денеска се приклучи на тренинзите во составот на Ќатип Османи.

Се вчитува...