Бенјамин Демир последно засилување за Вардар

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар го претстави последното засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората фудбалска лига на Македонија Запад.

Бенјамин Демир денеска беше и официјално претставен како нов фудбалер на скопскиот клуб. 25-годишникот е производ на младинската школа на „црвено-црните“, а во Македонија настапуваше уште и за: Тетекс, Еуромилк, Пелистер, Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Скопје. Надвор од нашата држава беше дел од Интер Запрешиќ и Хајдук 2.

„Бенјамин Демир е последното засилување за нашата екипа пред продолжението на пролетниот дел од сезоната. Офанзивниот крилен фудбалер ни доаѓа од ФК Скопје, а кариерата ја почна во нашата младинска школа. Добредојде дома Бени!“, стои во соопштението на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. 

Пролетниот дел од сезоната во Втората фудбалска лига на Македонија Запад почнуваат викендов, а Вардар во првото коло ќе игра на гостински терен против Охрид.

Се вчитува...