Бентеке му пресуди на Клоп, Ливерпул редовен пациент на Кристал палас

Кристал палас трета година по ред успеа да го освои „Енфилд роуд“, овојпат триумфирајќи на гостувањето против Ливерпул со 1-2. Иако овој меч имаше далеку поголемо резултатско значење за домаќините (кои се во трка за место во ЛШ), сепак гостите од Лондон беа подобар противник и дојдоа до цел плен. Екс-фудбалерот на Ливерпул, Кристијан Бентеке, кој беше отпишан од страна на Јирген Клоп овојпат му пресуди на германскиот стратег, со два гола замолкнувајќи го „Енфилд“Мечот почна одлично за Ливерпул откако Кутињо со прекрасен гол од слобоен удар донесе водство за домашниот тим.Емре Џан промаши зицер при 1-0, а Бентеке пред крајот на полувреме го израмни резултатот на 1-1. Иако се очекуваше Ливерпул да доминира во продолжението, Кристал палас беше тимот што многу повеќе ја контролираше играта. Повторно прекините беа кобни за „црвените“, откако по еден корнер од десната страна Бентеке од пет метри го совлада својот сонародник Симон Мињоле. 1-0 Philippe Coutinho Goal 23.04.2017 HD by dailyfootballkickChristian Benteke Goal HD – Liverpool 1-1… by fotlive0Benteke Goal HD 1-2 Liverpool VS Crystal… by sporttv724

Се вчитува...