Реал Мадрид лесно и убедливо славеше над Алмерија со 4-2, за враќање на победничката атмосфера во тимот во пресрет на финалето од Копа дел реј со Осасуна и полуфиналните пресметки со Манчестер Сити во Лигата на Шампионите. И овој како и многу претходни мечеви ќе остане запаметен по извонредниот Карим Бензема, кој го постигна својот втор хет-трик за едно полувреме во последните дваесетина дена, трет хет-трик за Французинот во месец април.
Серијата голови беше отворена со рутинскиот погодок во шестата минута на додавање на Винисиус, а Бензема зголеми на 2-0 по фантастичниот дриблинг и асистенција на Родриго. Хет-трикот беше комплетиран со голот од пенал постигнат пред крајот на првото полувреме.
Алмерија пред крајот на полувремето намали на 3-1, но вториот дел беше отворен со извонреден гол на Родриго, кој донесе 4-1 за Реал Мадрид на овој меч. До крајот можеше да се проследи уште еден погодок, дело на Робертоне, кој во 61. минута го совлада Куртоа по големата грешка на домашната одбрана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА