Бензема до нов договор со Реал Мадрид, со непишаното правило „Златна топка“

Карим Бензема веќе го потпишал новиот договор со Реал Мадрид, кој ќе биде со важност до јуни 2024 година, експресно договарајќи ги деталите за соработката со претседателот Флорентино Перез. Мадридските медиуми обелоденија дека Реал има непишано правило, експресно да му нуди нов договор на фудбалерот од своите редови што ја освоил „Златната топка“. Бензема беше избран за најдобар светски фудбалер за минатата сезона, па Перез само ја продолжи традицијата, задржувајќи го Французинот на „Сантијаго Бернабеу“.

Бензема во декември ќе наполни 36 години, но се уште игра извонредно и е предводник на нападот на „кралскиот клуб“. Тој е член на Реал уште од 2009 година, кога пристигна од редовите на Лион, а по заминувањето на Роналдо целосно ја презеде врз себе лидерската улога и му донесе низа пехари на најтрофејниот европски клуб.

Неизвесно е дали Бензема на крајот од овој договор ќе си замине од клубот или пак ќе ја заврши кариерата, по што ќе му биде понудено да остане дел од управата на клубот.

Реал во 2024 година ќе го доведе бразилскиот суперталент Ендрик чиј трансфер е веќе комплетиран, а се очекува следното лето достапни на пазарот да станат и Мбапе и Халанд.

Се вчитува...