Карим Бензема е подготвен да влезе во војна со раководството на Ал Хилал откако францускиот ветеран се почувстувва изневерен од клупските челници кои пред половина година го доведоа од Ал Итихад, а сега бараат начин да го раскинат неговиот договор.
Бензема е една од првите светски ѕвезди што заедно со Кристијано Роналдо го прифати предизвикот да дојде во Саудиска Арабија и да помогне во популаризацијата на фудбалот во оваа земја. Токму поради тоа, тој сега чувствува апсолутно непочитување од истата група на луѓе кои се дел од раководствата во речиси сите гиганти во Саудиска Арабија, кои пак еден по еден се откажуваат од играчите кои пристигнаа од европскиот фудбал, не продолжувајќи им ги договорите или раскинувајќи ги истите спогодбено.
Бензема во декември ќе наполни 39 години и се ближи до крајот на кариерата, екс-голгетерот на Реал Мадрид се надеваше дека ќе мине најмалку уште една година во Ал Хилал, но клубот воопшто не планира да го регистрира во квотата за странци, па Французинот ќе има избор, да тренира, не игра и да зема плата, или да постигне спогодба за раскин по што би се вратил назад во Европа за да ја заврши кариерата на Стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
