Бензема го надмина Хуго Санчез на вечната „кралска“ листа на голгетери

Францускиот интернационалец Карим Бензема постигна два гола во синоќешниот триумф на „кралскиот клуб“ против Џурона (1-3) во Купот на Шпанија и стана шести најдобар стрелец во историјата на клубот. Тој стигна до бројката од 209 погодоци во дресот на Реал Мадрид, еден повеќе од легендарниот Хуго Санчез (208), кој играше во периодот од 1985 до 1992 година.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, сега Карим Бензема е единствениот актуелен играч кој се наоѓа меѓу најдобрите десетмина голгетери во историјата на клубот.

Пред Французинот се Ференц Пушкаш (242), Карлос Сантиљана (290), Алфредо Ди Стефано (308), Раул Гонзалес (323) и Кристијано Роналдо (450 гола).

Се вчитува...