Бензема извлече победа за „кралевите“ против Хуеска

Реал Мадрид со многу мака стигна до триумф (3-2) против Хуеска, последнопласираниот тим во Ла Лига, на „Сантијаго Бернабеу“. Гостите имаа реми до 90.минута, кога Карим Бензема со одличен погодок донесе победа за „кралевите“. Реал Мадрид беше без Модриќ, Крос, Асенсио и Варан, а на голот беше синот на тренерот, Лука Зидан.

Кучо во третата минута донесе водство за Хуеска, а го анулираше Иско со голот во 25.минута. Дани Себалјос по асистенција на Бензема направи пресврт во 62.минута, но Ечеита израмни во 74.минута.

Сепак, со голот на Карим Бензема, Реал Мадрид дојде до очекуваната победа на овој меч.

Се вчитува...