Бензема на итен состанок со Перез побарал доведување уште еден напаѓач

Карим Бензема од 2009 година па до денес се наметна како еден од најзначајните напаѓачи кои било кога го носеле кралскиот клуб. А, со оглед на тоа што Кристијано Роналдо не се рачуна како класичен напаѓач, секако е најголемиот офанзивец во модерната фудбалска ера.

Французинот брилјираше како дел од славната реалова тројка, Бејл-Бензема-Кристијано, а колку е важен за тимот покажа токму по заминувањето на Роналдо кога стана главен играч на клубот за да доминацијата ја заокружи во 2022 година со освојувањето и на „Златната топка“.

Сепак, Бензема сега има 35 години и неговата физичка моќ полека исчезнува, па шпанските медиуми информираат дека свесен за тоа имал итен разговор со Флорентино Перез барајќи од него во Реал да донесе уште едно големо име во нападот.

Бензема побарал Реал во јуни да донесе напаѓач, без разлика што во клубот ќе дојде и младиот Бразилец Ендрик. Французинот смета дека на тимот му е неопходно класа име кое постепено ќе го заземе неговото место во првите 11.

Се вчитува...