Бензема: Никогаш нема да можам да се споредувам со Зидан

Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација Карим Бензема зборуваше за односите со поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

За потсетување, Бензема се пресели во Реал Мадрид од Олимпик Лион во 2009 година и до денес испиша неверојатна историја. Само оваа сезона францускиот напаѓач учествуваше на 7 натпревари од шпанското првенство, постигна 8 гола и 7 асистенции.

„Никогаш нема да можам да се споредувам со Зизу и да кажам дека сум на исто ниво со него. Премногу ги почитувам него и Роналдо. Можам само да научам од она што го направија. Многу добро се сложуваме со Зидан. Ние сеуште комуницираме, тој е секогаш подготвен да ми помогне. Но, никогаш нема да кажам дека Зидан и јас сме еднакви, тоа е незамисливо“, изјави Бензема за ‘Л’Екип’.

Се вчитува...