Бензема откри кој е неговиот најомилен гол во дресот на Реал (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стигна до јубилеен 200-ти гол во Ла Лига на натпреварот против Мајорка со што влезе во клупската историја на „кралевите“. Сега пред него на листата на најдобрите стрелци се само Кристијано Роналдо, Раул Гонзалес и Алфредо Ди Стефано.

Бензема по повод јубилејот доби интересно прашање на кое без премногу размислување даде одговор.

„Омилен гол? Ќе кажам дека тоа е првиот кој го постигнав во Реал Мадрид против Херез по асистенција на Руд Ван Нистелрој на ‘Сантијаго Бернабе’“ изјави голгетерот за клупската телевизија на „белите“.

 

 

 

Се вчитува...