Бензема пред сензационален трансфер во Премиерлигата?

Напаѓачот Карим Бензема е слободен во изборот на нов клуб откако го раскина договорот со саудискиот Ал-Хилал и можно е во наредните неколку дена да направи сензационален кам-бек во европскиот фудбал и тоа во Премиер лигата.

Иако има 39 години, Бензема се уште е интересен за екипи од Саудиска Арабија, Турција, а новинарот на „Токспорт“, Бен Џејкобс, тврди дека неколку неименувани екипи од Премиер лигата се заинтересирани за францускиот голгетер.

Бидејќи е слободен играч, Бензема може да потпише со англиските екипи иако е завршен преодниот рок.

Сериозен интерес за услугите на Бензема пројавува и саудискиот Ал-Шабаб, но според новинарот Џејкоб, нема шанси напаѓачот да потпише за овој тим бидејќи не сака повеќе да игра во саудискиот шампионат откако во последните три години ги носеше дресовите на Ал-Итихад и Ал-Хилал.

Се вчитува...