Бензема предизвика фудбалски транс во Мадрид: Да, Мбапе доаѓа во Реал!

Напаѓачот на Франција и Реал, Карим Бензема потврди дека Килијан Мбапе дефинитивно ќе се пресели во редовите на „кралскиот клуб“.

Одличниот голгетер ова ексклузивно го откри во интервју за „Л’Екип“. Мбапе беше блиску ова лето до трансфер во Реал, но ПСЖ не сакаше да го пушти Французинот, дури и по цена да замине слободно следното лето.

„Килијан Мбапе ќе игра за Реал Мадрид. Не знам кога, но знам дека ќе дојде. На крајот на краиштата, тој самиот рече”, откри Бензема.

Мали се шансите Мбапе да дојде на зима, ПСЖ сака конечно да ја нападне Лигата на шампионите и за чудо да се обиде да го убеди да остане, што во моментов е практично невозможно.

Се поизвесно сценарио е дека Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид на 1 јули како слободен играч.

Се вчитува...