Бројките велат – Бензема е подобар од Роналдо

Како што Карим Бензема влегува во форма, така Реал започна да победува, и тоа не е случајно. Минатата година тој на свој „грб“ ја спаси сезоната на „кралевите“, а оваа година побавно влезе во форма, сепак во вистински момент и на значајни натпревари, зошто јасно е дека без неговите голови Реал тешко може да ги победи противниците.

“Тој е најдобриот напаѓач во Франција на сите времиња за мене. И кога не во форма, тој постигнува одлични голови. Тоа е карактеристика на големите играчи”, рече Зизу.

Имено, одличниот напаѓач постигна поголем процент на голови во вториот мандат на Зидан од Роналдо во првиот. Кристијано постигна 112 на 393 натпревари со Зидан како тренер, 28%, додека Бензема сега постигнува 44 гола на 148 натпревари (откако Зизу се врати на кормилото), односно успешност од 29% .

Величината на Роналдо како суперѕвезда е и повеќе од очигледна, но за Реал е одлично да се знае дека во своите редови се уште има ас што ќе погодува кога ќе биде најважно за „кралевите“.

Се вчитува...