Беретини ќе го предизвика Надал во полуфиналето на Австралија опен

Матео Беретини е вториот полуфиналист на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен откако во маратонски меч во четвртфиналето славеше над Французинот, Гаел Монфис со 3-2, по сетови 6-4, 6-4, 3-6, 3-6 и 6-2.

Иако имаше негатива од 0-2, францускиот тенисер успеа целосно да се врати во мечот и да израмни на 2-2, но сепак немаше сила за пресврт и конечна победа. Беретини во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал кој во првото четвртфинале беше подобар исто така со 3-2 во сетови против Канаѓанецот, Денис Шаповалов.

Втората полуфинална двојка ќе биде позната утре по одигрувањето на натпреварите Медведев – Оже Алиасим и Циципас – Синер.

Се вчитува...