Џенаро Гатузо „виси“ на тренерската функција во Милан по серијата слаби игри и резултати, а дополнителен притисок врз стратегот на „росонерите“ создадоа критиките што ги упати поранешниот претседател на клубот, Силвио Берускони.
„Ми се лоши кога го гледам Милан под водство на Гатузо. Не е нормално кога е тимот неконкретен, колку малку шутира на голот, колку малку топки добиваат напаѓачите во противничкиот шеснаесетник. Секако, кога такви работи се случуваат логично е да се бара да дојде до промена на тактиката, се надевам дека ќе го видиме и тоа наскоро бидејќи е неопходност. Јас се уште сум голем навивач на клубот и тешко ми е да го гледам она што се случува“ – изјави Берлускони.
Милан претходно беше поврзуван со Антонио Конте, во меѓувреме се шпекулираше и со името на Робето Донадони, а според последните информации сега постојат шанси на „Сан Сиро“ да пристигне Арсен Венгер, кој имаше беспрекорна соработка во Арсенал со новиот директор на Милан, Иван Газидис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА