„Бернабеу“ од „кралски храм“ стана панаѓур – четири домашни порази во низа

Што се случува со Реал Мадрид? Одговор нема буквално никој, но кризата е пресериозна за да може да се реши со само еден потег како што е тренерска смена.

„Сантијаго Бернабеу“ до неодамна важеше за кралски фудбалски храм, но во последните триесетина дена се претвори во панаѓур од кој гостите редовно си заминуваат задоволни. Четири порази во низа (од Џирона, два од Барселона и сега од Ајакс) среде Мадрид, тоа е нешто што на Реал му се нема случено цели 15 години, уште од 2004, како јасен доказ за сериозноста на кризата во која се наоѓа најтрофејниот европски клуб.

Во последните пет години Реал има четири титули, во последните осум сезони „кралевите“ редовно стигнуваа најмалку до полуфиналето. А сега – елиминирани се во првата нокаут фаза, и тоа со пораз среде Мадрид од 1-4.

Дали е ова дното?

Се вчитува...