Бернардо Силва е најблиску до Јувентус

Бернардо Силва веќе објави дека летово ќе го напушти Манчестер Сити како слободен играч, португалскиот плејмејкер во меѓувреме доби неколку понуди, но последните информации говорат дека тој е најблиску до преселба во редовите на Јувентус.

Лучијано Спалети неодамна објави дека му е неопходен офанзивен играч за врска, креатор каков што нема во тимот, по што управата ги интензивираше преговорите со Бернардо. Италијанските медиуми тврдат дека е доставена понуда за тригодишен договор за плата од загарантирани шест милиони евра по сезона, плус дополнителни два милиони поврзани со неколку клаузуливо договорот.

Силва е заинтересиран за оваа опција, да заигра за најтрофејниот италијански клуб и да се обиде да го врати Јувентус на врвот на италијанскиот фудбал. Тој веќе разговарал и со Кристијано Роналдо прашувајќи го најдобриот португалски фудбалер за времето минато во Јуве, по што слушнал само најпофални зборови за „црно-белите“ од Торино.

Истото било случај и со Кансело, со што Силва станал уште позагреан за потпис со Јувентус, но тој инсистирал да се почека на разврската за титулата во Премиер-лигата, по што ќе ја донесе и конечната одлука за својот следен клуб.

Се вчитува...