Бернардо Силва ја има изјавата на векот: Да ги нема Реал Бензема, Крос, Модриќ, Винисиус, Родриго, Алаба, Куртоа…

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва на домашен терен ќе го пречека Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Интересна изјава пред натпреварот имаше ѕвездата на Манчестер сити, Бернардо Силва кој на интересен начин ја најави мега пресметката во елитното натпреварување.

„Да ги немаше Реал Мадрид Бензема, Модриќ, Крос, Алаба, Куртоа или Винисиус, немаше да освојат ништо бидејќи дресот не значи ништо без играчите“, изјави Бернардо Силва.

Натпреварот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е закажан за во 21 часот.

Се вчитува...