Беса го победи Кит Го на последниот тест пред стартот на второлигашката сезона

На последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона, фудбалерите на Кит Го загубија од второлигашот од западната конкуренција, Беса со 0-2.

На тестот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, гостите беа поконкретни во реализацијата на создадените шанси па сосема заслужено стигнаа до триумфот со двата погодоци на Шериф Реџепи.

Кит Го беше подобар противник во првото полувреме, но останаа неискористени шансите на Мичковски, Ступиќ и Андонов.

Во првото коло од новата сезона во Втората лига – Исток, Кит Го во среда (25. август) од 16 часот гостува на Победа во Прилеп. Фудбалерите на Беса, пак, во првото коло во Втората лига – Запад гостуваат во Охрид.

Се вчитува...