Беса ја засили одбраната со Мециновиќ

Поранешниот младински репрезентативец Јасмин Мециновиќ, е најновата аквизиција на амбициозниот второлигаш Беса. Мециновиќ, кој мина низ многу клубови во земјава, беше промовиран во клубот од Добридол.

Беса во идната сезона ќе се бори за највисок пласман и учество во прволигашката конкуренција идната сезона.

Оваа екипа претходно се засили со Дарко Тофилоски, Христијан Драгарски, Изаир Емини, Јовица Радевски, Александар Борха, Меметриза Хамза, Бурим Садики и Арменд Алими.

Се вчитува...