Беше кошмар за МЗТ Скопје, денеска потпиша за Баерн Минхен

Жан Марк Шишко извонредно ги организираше нападите на ПР=риморска во ланското финале со МЗТ Скопје, во кое словенечкиот тим триумфираше и се пласираше во елитното друштво од АБА-лигата. Проектот Приморска во меѓувреме доживеа колапс, голем дел од клучните кошаркари си заминаа, а меѓу нив и Шишко, кој денеска потпиша договор со евролигашот  Баерн Минхен.

Тој имаше понуда и од Макаби, но на крајот се реши кариерата да ја продолжи во дресот на баварскиот гигант, потпишувајќи договор до јуни 2022 година.

„Како што може да замислите, пресреќен сум што потпишав за Баерн. Ова е голем чекор напред во мојата кариера, иако ми е јасно дека треба уште многу да учам и да напредувам. Верувам дека Баерн е вистинскиот клуб за такво нешто“ – изјави 22-годишниот плејмејкер.

Се вчитува...