Поранешниот младински репрезентативец Бесир Демири, го продолжи договорот со Работнички на уште две години. Демири потпиша со „романтичарите“ нова соработка, со која се обврзува да остане во тимот од Дебар Маало најмалку до 2027 година.
Поранешниот играч на Шкупи, Вардар и Шкендија дојде во Работнички во текот на минатата сезона, и беше еден од заслужните за излезот во Лигата на Конференции на клубот.
Во следните денови Работнички ќе разговара со оние играчи на кои им се истечени договорите, а потоа ќе ангажира и нови засилувања. Исто така ќе биде познато и кој ќе замине од тимот. „Романтичарите“ исто така ќе треба да назначат и нов тренер, а најсериозен кандидат е Бојан Маркоски, досегашниот помошник на Горан Станиќ кој замина да ја води младата репрезентација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА