Бесмртниот Буфон ја покажа својата големина токму против Елмас… (ВИДЕО)

Џанлуиџи Буфон уште еднаш потврди зошто е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Својата „бесмртност“ ја покажа и синоќа против Наполи во финалето од Купот на Италија.

Во судиското продолжение токму Буфон имаше феноменална реакција спречувајќи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас уште уште во регуларниот дел да донесе трофеј за Наполи. Буфон во два наврати, во 92. минута, извонредно реагираше најпрво по обидот на Максимовиќ со глава а потоа и по шутот на Елмас од две метри…

 

42-годишниот Буфон, на крајот, по поразот по пенал-серијата немаше причини за многу славје.

Се вчитува...