Бесник Ферати се врати во Шкупи

Екипата на Шкупи го промовираше Бесник Ферати како второ засилување на екипата. Станува збор за играч кој ги минал сите млади категории на чаирскиот тим, а доаѓа од таборот на Академија Пандев.

„Многу сум среќен што се враќам во Шкупи. Посебна емоција за мене е да бидам дел од тим каде имав убави спомени, и се надевам на повеќе успеси во иднина. Убеден сум дека добро ќе се подготвиме за успешна пролетна сезона. Ќе се обидам да дадам максимум во овој дрес кој има посебна тежина за мене“, рече Ферати.

Претходно Ферати настапуваше во Партизани. Тој беше поранешен младински репрезентативец.

Се вчитува...