„Бесниот“ Суарез доби порака: Почитувај го клубот и твоите соиграчи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез не беше задоволен заради прераната замена на мечот против Салцбург, па откако се смести на клупа започна со „протестирање“.

“Не ми се допаѓа неговата реакција. Тој мора да биде самокритичен, не играше добро, па на Атлетико во моментот му требаше друго решение. Луис мора да го почитува клубот и фудбалерот што го замени. Како поранешен играч, воопшто не ми се допаѓа неговата реакција”, изјави Кико.

Легендарниот Кико Нарваес за Атлетико играше од 1993 до 2001 година, а има постигна 48 гола на 225 одиграни натпревари.

Диего Симеоне, сепак ги оправда реакциите на Суарез:

“Логично е да биде лут. Кога би бил на негово место и јас би бил нервозен, зошто таков играч сака да ги одигра сите 90 минути. Неговата реакција е разбирлива”, рече тренерот на Атлетико.

Тимот од Мадрид славеше со 2:0 и обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а уругвајскиот напаѓач кој покажа големо незадоволство на клупата, во следните натпревари ќе мора да прикаже многу подобра игра за да повторно не биде прерано изваден од зелениот терен.

Се вчитува...