Барселона го дочека назад Лионел Меси во тимот по непријатната повреда на рамото, но неговото враќање е одбележано со шокантен пораз од Бетис (3-4) на „Камп Ноу“. Гостите одиграа одличен меч, комплетно го неутрализираа составот на Ерместо Валверде и го совладаа во отворена игра.
Фирпо Жуниор и Хоакин донесоа изненадувачко водство (0-2) за Бетис на полувремето. Лео Меси од пенал намали во 67.минута, но Ло Селсо повторно ја удвои предноста на Бетис.
Артуро Видал во 79.минута донесе нова надеж за каталонскиот тим, а две минути подоцна „поцрвене“ Иван Ракитиќ. Тоа го искористи Каналес за да стрела и повторно да зголеми на 2-4. Во судиското продолжение, Лионел Меси постигна уште еден гол, но само за конечни 3-4, и огромно изненадување на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА