Бетис му го нанесе вториот пораз на Атлетико Мадрид во Ла Лига

Атлетико Мадрид не само што не го искористи ремито на Барселона, туку загуби на гости против Бетис со 1-0 и ја зголеми негативата во однос на лидерот. Сега тимот на Диего Симеоне има шест бода заостанување зад каталонскиот состав.

Серхио Каналес од пенал беше стрелец на победничкиот погодок за Бетис. Тој во 64.минута успеа да го намудри Јан Облак од белата точка.

Во составот на Атлетико Мадрид стартер беше Алваро Мората во тандем со Антоан Гризман, но гостите не успеаја да постигнат погодок.

Се вчитува...