Бетис направи чудо, го тресна Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“

Бетис направи огромно изненадување, совладувајќи го шпанскиот и европски првак Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-1. Антонио Санабриа во четвртата минута од судиското продолжение ги шокираше „кралевите“ и му донесе триумф на Бетис, по речиси 20 години во Мадрид.

Goal HD – Real Madrid 0-1 Betis 20.09.2017 by allsporttv

Иако се чинеше дека Реал Мадрид излезе од кризата до триумфот против Реал Сосиедад, очигледно е дека тимот на Зинедин Зидан има проблеми, посебно кога игра на домашен терен. Ова е трет меч од новата сезона во кој „кралскиот клуб“ не може да слави дома, а вечерва дури и загуби.

Реал Мадрид имаше многу шанси, преку Роналдо, Бејл, Карбахал, Иско, но голманот на гостите Адан беше одличен. На спротивната страна, Санабриа во самата завршница ја казни отворената игра на „кралевите“ и му донесе голем триумф на Бетис.

Сега Реал Мадрид има дури седум бода негатива во однос на Барселона, по само пет одиграни кола во Ла Лига.

Се вчитува...