Беверли ќе биде соиграч со Леброн и со „непријателот“ Вестбрук во ЛА Лејкерс

Американскиот кошаркар Патрик Беверли е најновото засилување на Лос Анџелес Лејкерс. Искусниот плејмејкер во ЛА стигна како дел од трејдот во кој во Јута Џез ќе замине Тајлен Хортон-Такер.

Овој трејд е посебно интересен поради фактот дека Беверли во тимот ќе биде заедно со Расел Вестбрук, а добро е познато дека тие двајца не можат да се смислат. За потсетување, минатата година Беверли промени три екипи: Лос Анџелес Клиперс, Мемфис Гризлис и Минесота Тимбервулвс. Сезонава ја почна како член на Јута Џез.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBAmk (@_nbamk_)

Се вчитува...