„Без Ѓоковиќ, Федерер и Надал се би било различно“

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас жали што не игра во некоја друга ера на светскиот тенис. Гркот не е дел од ерата на големата тројка, но не се ниту вистинската следна генерација која е предводена од Шпанецот, Карлос Алкараз.

Тој, Зверев и Медведев ги фатија последните години од доминацијата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ и поради тоа останаа со помал број на титули.

„Мислам дека сме им се поблиску, но Новак, Рафа и Роџер ја создадоа најдобрата генерација во историјата на тенисот. Не е лесно да се издвоиш од нив. Сепак и покрај се мислам дека тие ни помогнаа и нашиот тенис да биде на највисоко ниво“, изјави Циципас. 

Се вчитува...