Без „хака“ во Белград – Нов Зеланд се повлече од предолимписките квалификации (ВИДЕО)

Кошаркарската репрезентација на Нов Зеланд нема да отпатува за Белград за предолимпискиот турнир кој ќе се одржи помеѓу 29. јуни и 4. јули, а како причина за истото е пандемијата на коронавирус.

Нов Зеланд во групата „А“, требаше силите да си ги одмери со Србија и Доминиканската Република, а местото на островската земја ќе биде пополнето со селекцијата на Филипини, па нашите соседи нема да можат да присустуваат на претпознатливата „хака“, која е традиција на оваа држава.

Се вчитува...