Без Хасани против Словенија, Ангеловски нема да повикува нов фудбалер

Македонската репрезентација и дефинитивно ќе биде без Ферхан Хасани на квалификацискиот натпревар против Словенија во Љубљана.

Хасани се повреди на вчерашниот дуел против Летонците уште во првото полувреме, па по денешните детални лекарски прегледи утврдено е скинато мускулно влакно поради што нема да може да помогне на неделниот натпревар против Словенците.

Како што не информираше селекторот Игор Ангеловски, на местото на Хасани нема да биде повикан нов фудбалер.

Македонија против Словенија игра в недела, 24. март, во Љубљана. Словенците во првиот натпревар од квалификациите вчера ремизираа (1-1) на гостувањето против Израел.

Се вчитува...