Без Кире Ристевски и Велкоски во Грузија

Македонската репрезентација ќе патува без Кире Ристевски и без Крсте Велкоски на историскиот натпревар против Грузија за пласман на ЕП.

Националниот тим со чартер лет од скопскиот аеродром денеска во 10 часот заминува за Тбилиси, но без Ристевски и Велкоски кои се позитивни на Ковид-19 на вторите тестирања.

Од претходно е познато дека селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета и на Аријан Адеми кој е повреден, иако се очекува да патува во Грузија.

Се вчитува...